|
||||
Кои сме ниеВо Дарон Медицина ви ги нудиме највисоките американски стандарди во физикална медицина и рехабилитација. Дарон Медицина функционира според искуствата и визијата на нашиот основач, м-р Невена Зубчевиќ која има долгогодишно работно искуства во областа на спортската медицина и физикална терапија во Сан Антонио, Тексас и Сан Франциско, Калифорнија, САД. Нашиот медицински тим е тука максимално да Ви го врати здравјето, да Ве зацврсти и да Ви помогне да ги постигнете Вашите цели за живот и спортување без болка. Тимот во Дарон Медицина користи техники под длабоко влијание на остеопатската медицина која што во суштина практикува холистички пристап кон дијагностиката и лекувањето на пациентот. Остеопатската медицина е надградба на стандардната (т.н. алопатска) медицина и покрај стандардните дијагностички и фармацевтски алатки, практикува користење на мануелна терапија како кранио-сакралната терапија и остеопатската манипулација на мускулите, сврзните ткива и коските. Со помош на остеопатската медицина, нашиот медицински тим ќе му помогне на Вашето тело да си го врати својот баланс и ќе му овозможи побргу да зацели. Во Дарон Медицина нудиме и спортска терапија за спортисти аматери и професионални, консултации од областа на ергономијата (правилно седење и работење на Вашето работно место), нутриционизмот (правилна исхрана) и детоксификацијата (престанување на пушење). Вашето здравје е нашата цел - Дојдете по Вашето Здравје - ние сме тука за вас. |
||||