Дарон Медицина
Македонски | English
Телефони: (2) 3-111-517 и (2) 3-109-150

  • Кои сме ние
  • Како се разликуваме
  • Остеопатија
  • Физикална Терапија
    • Терапија на врат
    • Терапија на рамо
    • Терапија на лумбален 'рбет
    • Терапија на колк
    • Терапија на колено
    • Модалитети
    • Ролер терапија
  • Специјални Услуги
    • Кранио-сакрална
    • Акупунктура
    • Масажа
  • Специјални Програми
    • Програма за сколиоза
    • Кардиорехабилитација
    • Вежби во круг
  • За Нашите Пациенти
    • Благодарност
    • Здравствен Билтен
    • Формулари
  • Тим и Опрема
    • Нашиот тим
    • Специјалисти од САД
    • Опрема и простор
    • Медиумите за нас
  • Контакт и локација
Медицинска Акупунктура

Акупунктура на вратАкупунктурата се состои од внесување многу тенки игли во вашата кожа со цел да се намали вашата болка. Иглите се внесуваат во најразлични длабочини на стратешки избрани точки во вашето тело. Акупунктурата потекнува од Кина и била развиена пред повеќе илјадници години, но, во последните две децении се повеќе се користи во западниот свет, особено во САД. Најразлични научни студии имаат покажано дека акупунктурата има повеќе бенефиции за човечкото тело, од намалување на болки до спречување на лошење кај пациенти со рак кои подлежат под хемотерапија.

Што се случува за време на една сеанса?

Терапијата со акупунктура обично се состои од серија на посети, еднаш или два пати во неделата. Обично една серија трае околу 12 терапии.

Во Дарон Медицина, акупунктурата е вметнатно како само еден од типовите на терапии со кои ние ви помагаме со вашите медицински проблеми. Нашиот доктор физијатар напрвин ќе ве прегледа и ќе ви препише одредена терапија која може, но, не мора да вклучи и акупунктура.

Медицинска АкупунктураЗа време на самата акупунктурна сесија, вие легнувате на кревет по што докторот ги внесува иглите на местата од кои што би имале бенефиција. Во зависност од делот на телото каде што иглите ќе бидат поставени, можно е да треба да лежите на стомак, на грб или на страна. За време на самото внесување на иглата, во еден краток дел од секундата ќе почувствувате кратко и оштро боцкање, но, генерално процедурата не е воопшто болна.

По внесувањето на иглата, обично докторот нежно ќе ги придвижи се додека почувствувате дека го стимулираат локалниот регион на вашето тело. Докторот може да постави од неколку па до повеќе од десет игли во зависност од вашата потреба. Штом иглите ќе бидат поставени, тие обично остануваат во вашето тело од пет до дваесет минути.

   
© 2007-2008 Дарон Медицина info@daronmedicina.com