Дарон Медицина
Телефони: (2) 3-111-517 и (2) 3-109-150

  • Кои сме ние
  • Како се разликуваме
  • Остеопатија
  • Физикална Терапија
    • Терапија на врат
    • Терапија на рамо
    • Терапија на лумбален 'рбет
    • Терапија на колк
    • Терапија на колено
    • Модалитети
    • Ролер терапија
  • Специјални Услуги
    • Кранио-сакрална
    • Акупунктура
    • Масажа
  • Специјални Програми
    • Програма за сколиоза
    • Кардиорехабилитација
    • Вежби во круг
  • За Нашите Пациенти
    • Благодарност
    • Здравствен Билтен
    • Формулари
  • Тим и Опрема
    • Нашиот тим
    • Специјалисти од САД
    • Опрема и простор
    • Медиумите за нас
  • Контакт и локација
КардиорехабилитацијаКардио Рехабилитација Фаза 2

Дарон Медицина нуди Кардио Рехабилитација Фаза 2 според регулативите и протоколите на Американската Срцева Асоцијација. Целта на Фаза 2 рехабилитацијата е зајакнување на срцевиот мускул и продолжување на животот на пациентот со повисок квалитет, поквалитетна исхрана и повисока психофизичка енергија.

Kaj кого треба да се употребува Кардиолошка Рехабилитација?

Постоперативни кардиолошки пациенти, пациенти со ангина пекторис, пост ангиопластика (стент), пост акутен инфаркт, пост вградување на пејсмејкер.

Кога се започнува со Кардио Рехабилитација Фаза 2 и што e содржината?

Според Американската Срцева Асоцијација најидеално е да се започне 14 дена после операцијата или кардиолошкиот инцидент. Фаза 2 од кардио рехабилитацијата трае 12 недели. Секоја терапија (третман) трае еден час и се оддржува два пати неделно.

Мерење на крвен притисок Континуирано следење на притисокот и користење на формули за индивидуално пресметување на активностa на дишниот апарат и срцевиот мускул.
Елиптичен Точак Под директен надзор на доктор специјалист по физикална медицина и рехабилитација (физијатар) се води започнување на вежби. Соодветно на прогресот пациентите чувствуват зголемена снага, подобрување во дишењето и подобра психофизичка состојба.
Срцен Монитор Континуирано следење на срцевиот ритам се следи со индивидуални полариметри кои што претходно се адаптираат за соодветната дијагноза, физиолошката состојба на пациентот и планот за прогрес.
Нутриционизам Докторот специјалист води комплетна нутриционистичка евалуација и континуирано следење на менување на навиките на пациентот. Во овој процес е вклучен и планот за престанување на пушење (одвикнување).
Кранио-сакрална терапија на глава Остеопатската медицина е нежна и многу ефективна американска метода за ослободување на затегнатите ткива, подобрување на протокот на крвта и лимфата. Оваа метода го смирува автономниот нервен систем и помага за подобро користење на дијафрагмата.
Јога Вежби за медитација и релаксација помагаат за подобра интеграција во реалниот секојдневен живот. Овие вежби придонесуват за невромускулна ре-едукација за правилно користење на дишниот апарат и само-смирување на автономниот нервен систем.
ИграњеОператор Прогресот го комуницираме континуирано со референтниот кардиохирург или кардиолог-интернист преку писма и e-mail контакти се со цел да го прикажат прогресот на пациентот.
   
© 2007-2008 Дарон Медицина info@daronmedicina.com