Масажата се изведува од нашите високо обучени физиотерапевти.Сесијата со масажа е приспособена на индивидуалните потреби на клиентот.
Ослободување од болката или
затегнатоста на мускулите
Дали чувствувате затегнатост и имате потешкотии при свиткување или истегнување? Дали Вашите мускули се болни, затегнати или се јавуваат грчеви? Многу спортисти, луѓе кои рекреативно се занимаваат со спорт или со физички или психички стресни професии (доктори, инженери, работници во производство, медицински сестри, канцелариски службеници) сериозно страдаат од овие симптоми кои можат да се третираат на многу едноставен начин.
Подобрување на подвижноста и перформансите
Длабоката структурална масажа може да ја редуцира или елиминира болката и затегнатоста. Ќе забележите подобрување во перформансите, зголемување на обемот на движење (полесно свиткување и истегнување) и подобра циркулација. Ќе се чувствувате подобро веќе по првата сесија со масажа. Во најголем број случаи, по 4 до 6 сесии ќе достигнете значително ослободување.
Колку длабоко помага структуралната масажа
После интензивно вежбање или физичка работа Вашите мускули може да почувствуваат замор, затегнатост или болка. Масажата ги истегнува и издолжува скратените мускули и го редуцира спазмот. Ја подобрува циркулацијата со што се забрзува отстранувањето на штетните продукти кои предизвикуваат болка и доведува кислород и нутритиенти до Вашите мускули. Масажата Ви помага побрзо да се вратите на вообичаените активности, го подобрува Вашиот изглед и им помага на Вашите мускули да работат поефикасно.
Доколку не се третира, делот од телото кој е подлежен на хронична, долготрајна тензија може да ги изгуби своите нормални карактеристики што може да доведе до повреда. Длабоката структурална масажа придонесува тие делови од телото да се ослободат од хронична тензија и во други спречува појава на хронична тензија.
Причини за мускулна болка и затегнатост
Често пати Вашето тело ги заздравува повредите со лузна која се состои од цврсто испреплетени колагенски влакна. Овие влакна лесно се раскинуваат или презатегаат и така го отежнуваат оздравувањето и причинуваат Вашите движења да бидат болни или ограничени. Со адекватни техники на масажа може да се лимитира формирањето на лузна кај новите повреди и да се редуцира или направи поеластична лузната кај старите повреди. Вашите мускули ќе се движат послободно и со помалку болка.
Подобрување на спортските перформанси
Енергизирачка, загревачка масажа пред натпревар може да помогне во подготовката на Вашето тело и да ги подобри Вашите перформанси. По натпреварот масажата се употребува да го смири и релаксира телото со цел да се намали болката и да се редуцира воспалението на мускулите.
Хронична болка
Хроничната болка ја исцрпува енергијата и предизвикува емоционални потешкотии. Масажата може да биде одличен третман за редукција или елиминирање на хронична болка. Една од алатките кои Вашето тело ги употребува за да ја заштити болната страна е мускулната тензија. Но оваа мускулна тензија може да предизвика вкочанетост, поголема болка и други непријатни чувства. Исто така затегнатите мускули придонесуваат за намалување на циркулацијата што пак доведува до замор, болка и намалена енергија. Масажата може да ја намали мускулната тензија, да го стимулира ослободувањето на ендорфини – природни аналгетици на телото и да предизвика пријатно чувство на релаксација.
Непријатност за време на масажата
На почетокот може да почувствувате мала нелагодност, но вообичаено таа исчезнува за неколку минути. Ако за време на сесијата чувствувате некоја непријатност, кажете му на терапевтот. Тој може да работи со Вас во рамките на Вашата зона на комфор со употреба на помал притисок или со промена на техниките.