Дарон Медицина
Македонски | English
Телефони: (2) 3-111-517 и (2) 3-109-150

  • Кои сме ние
  • Како се разликуваме
  • Остеопатија
  • Физикална Терапија
    • Терапија на врат
    • Терапија на рамо
    • Терапија на лумбален 'рбет
    • Терапија на колк
    • Терапија на колено
    • Модалитети
    • Ролер терапија
  • Специјални Услуги
    • Кранио-сакрална
    • Акупунктура
    • Масажа
  • Специјални Програми
    • Програма за сколиоза
    • Кардиорехабилитација
    • Вежби во круг
  • За Нашите Пациенти
    • Благодарност
    • Здравствен Билтен
    • Формулари
  • Тим и Опрема
    • Нашиот тим
    • Специјалисти од САД
    • Опрема и простор
    • Медиумите за нас
  • Контакт и локација
Функциите на остеопатијата

Остеопатија на ГрбОстеопатијата е мануелна медицина која се стреми да ги ослободи ткивата во организмот од нивните стеги и да ја намали болката.Овој приод има тенденција да ја воспостави одново хармонијата помеѓу различни делови од телото и да ги нормализира нивните функции. За да дојде до оваа цел, остеопатијата ги идентифицира прецизно изворите на тензија и блокадите кои ја рестриктираат мобилноста на различни ткива и органи од телото. Со техниките на остеопатијата, докторот и терапевтетот остеопат ја враќа мобилноста на Вашите ткива и го фаворизира балансот, т.е. го враќа Вашето здравје назад. Остеопатот не се интересира само за една болештина, туку го гледа пациентот како целина, и ги евалуира поедините делови од него кои доведуваат до актуелната состојба. Остеопатијата се потпира од една страна на познавањето на анатомијата, физиологијата и на примарниот респираторен механизам, а од друга страна на уметноста на палпација (допир со прсти). Нејзината специјалност е во оригиналноста на спроведување на анализа и разбирањето на различните системи (мускуло-скелетален, висцерален, фасцијален, мембранозен, кранијален, течен, неуро-ендокрин и емоционален) и нивната меѓусебна поврзаност. Остеопатијата почива на жива традиција која еволуира преку индивидуалното искуство и истражувањето.

Што прави остеопатот

Остеопатија на БебеКако што пациентот е дојден за консултација кај остеопатот, остеопатот зема историја од сите медицински наоди и потоа пристапува кон сопствена евалуација на пациентот. Прегледот се состои од бројни мануелни и палпаторни тестови. Посебно внимание се посветува на функцијата и мобилноста на различните структури на пациентот: коскена, артикулациона, мускулна,тетивна, лигаментна, фасцијална и висцерална. Тој бара да ја идентифицира точката од каде сето почнува, која често се наоѓа многу далеку од сите секвенци на блокажа кои го предизвикуваат проблемот. Доколку здравствената состојба налага или пак треба да се појасни одредена клиничка импресија остеопатот го препорачува пациентот на матичниот доктор или доктор специјалист. За време на третманот остеопатот употребува различни мануелни техники за смирување на Вашите структури и ткива со кои им ја враќа назад нивната мобилност. Со ова ние Ви ги "штелуваме" исто и зглобовите, со што Ви овозможуваме артикулацијата да ги изведува своите природни движења.

Кому може да му користи остеопатијата

Бременост и ОстеопатијатаОстеопатијата може да биде корисна за секого:

  • тој што претрпел повреди при физички трауматизам, сообраќајка, спортски и повреди на работно место
  • за оние кои патат од акутни дисфункции или пак хронични како артроза, ишијалгија, невралгија, вертиго, главоболки
  • за оние кои патат од висцерални или органски проблеми: дигестивни, респираторни, гинеколошки, уролошки
  • за оние со физички проблеми кои се поврзани со стресот, со умор од работа или емоционлно трауматизирани
  • за бремени жени: припреми за пороѓај, смирување на болките во грб и ишијалгиите, пратење на породилката и бебето.
  • на деца со стомачни колики, регургитации, ушни воспалувања проблеми со говорот, концентрацијата и учењето

Со неговата целосна евалуација, остеопатот може да превентира појава на одредени болки и да смири одредени симптоми на тешки заболувања со тоа што ќе го подобри функционалниот потенцијал на индивидуата.

   
© 2007-2008 Дарон Медицина info@daronmedicina.com