|
|||||||||||||||||
Ролер Терапија
Ролерот ("foam roller") е цилиндар направен од специјална форма на тврд стиропор и е една од најмоќните и универзалните алатки во физикалната терапија. Се користи наширока во физикалната терапија во САД а сега, преку Дарон Медицина и кај нас. Ролерот се користи за подобрување на флексибилноста, балансот, силината и чувството за вашите мускули. Со лулање на ролерот можете да опуштате мускули на кои е тешко да им се пристапи на друг начин. Кога лежите врз ролерот, гравитацијата на природен начин им помага на рамениците и градите да се истегнат и опуштат. Бидејќи ролерот е природно нестабилен, секоја вежба ви ја подобрува моќта на вашите мускули да ви го стабилизираат телото. Со правилна употреба на ролерот можете комбинирано да зацврстувате одредена група на мускули а истовремено да опуштате друга група на мускули. Со ролерот може да се направат повеќе стотини различни вежби. Подоле можете да видите неколку примери на вежби кои се користат во нашата терапија во Дарон Медицина. Нашиот терапевт ќе создаде индивидуална терапија според вашите потреби и ќе ви состави протокол на вежби кој што ќе можете да го користите и дома. Прашајте не за информации за набавување на ролер - ролерот е корисен за постојано оддржување на телото и ние самите во Дарон Медицина го користиме секојдневно за подобрување на нашата мускулатура.
|
|||||||||||||||||